Преслатко видео од двегодишно дете што го победило ракот станало вирално и трогнало многумина. На храбриот Ноа оваа година му е дијагностициран хепатобластом, многу редок облик на рак. Туморот се создава во црниот дроб и обично ги погодува децата помали од 4 години. Момчето поминало низ операција на срцето, трансплантација на црн дроб и хемотерапија.

Последниот ден од хемотерапијата облекол златна наметка и протрчал низ болницата во маица на која пишува „Последен ден од хемотерапијата“. Воодушевен е што конечно завршил со исцрпувачкиот третман.

„Денес е последен ден од хемотерапијата“, напишала мајката на Ноа, Ники Даниел, на „Инстаграм“. Многумина коментирале дека снимката им го разубавила денот.

Извор



912

X