Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и сѐ додека е така, остануваме на првото сценарио – настава со физичко присуство, оцени денеска за медиумите министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа најави дека доколку има каква било промена или загрозување, тогаш во координација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство ќе се имплементираат други сценарија.

Но, како што истакна, засега сѐ укажува дека состојбата е стабилна и дека учениците се безбедни во училиштата.

Воедно, соопшти дека над 75 отсто од наставниците се вакцинирани, што е двојно повеќе од националниот просек, а под 1 процент е бројот на позитивни на коронавирусот и активни случаи во училиштата. Од почетокот на учебната година до денеска нема надминување на 0,3 проценти позитивни и активни ученици во основно и во средно образование, а на дневно ниво нема надминување на 0,03, односно процентот се движи од 0,01 до 0,03, додаде министерката.



912

X