Деновиве од печат излезе најновата сликовница од „Светот на Биби“ – „Вредниот мрзливец“.

Уште една фантастична приказна во која јунаците Биби и Боби доаѓаат до нови сознанија и поуки. Сказната ја опфаќа темата за прифаќање и почитување на различностите.

Верувале или не, Биби и Боби се запознаваат со новите жители на волшебната шума – мрзливците. Тие по цел ден лежат на своето дрво и „мрзелуваат“. Но, им се жалат на хероите дека имаат проблем со најмалиот син! Тој воопшто не е како нив!

Како мрзливците ќе го решат проблемот со помош на Биби и Боби, дознајте во сликовницата која веќе е во продажба.

Автор на оваа интересна сликовница е Билјана С. Црвенковскa, а илустрациите се на Мирослав Грчев.



912

X