Мајчинството не е лесна задача, но замислете како ѝ е на 24-годишната Кристина Озтарк од Џорџија, која има дури 21 дете.
Таа и нејзиниот сопруг, милионерот Галип Озтарк, потрошиле 142.000 фунти на сурогат-мајка помеѓу март 2020 година и јули оваа година.
Кристина троши приближно 100.000 фунти годишно на 16 дадилки кои живеат во нивниот дом. Парот живее и со шестгодишната ќерка на Кристина, Викторија, која ја добила во претходната врска, како и со едно од постарите деца на Галип, што значи дека под еден покрив се вкупно 23.
– Постојано сум со децата, правам сѐ што вообичаено прават мајките. Разликата е само во бројот на деца. Секој ден е различен, од планирање распоред на персоналот, до шопинг за моето семејство. Можам да ви кажам една работа – никогаш не ми е досадно – вели младата мајка.
Кристина редовно споделува фотографии на „Инстаграм“, а ја следат повеќе од 160.000 следбеници.
Посебен однос со секое дете
– Обично ги храниме децата во различен дел од денот, а вечераме со мојот сопруг, кој работи до доцна. За викендите јадеме сите заедно и поминуваме време заедно – објаснува мајката.
Дадилките не се посветени само на едно дете, туку ротираат во текот на неделата.
– Многу пати ме прашуваат како му се посветувам на секое дете. Имам посебен однос со секое дете. Посакувам сите родители да поминуваат многу време со своите деца бидејќи тоа е најважното нешто на светот – вели Кристина.