Мајка која објави трогателна фотографија од нејзината ќерка како го теши својот брат по хемотерапијата во 2019 година сподели голема вест.

На Бекет Бург му беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија во април 2018 година. На фотографијата објавена една година подоцна 5-годишна сестра Обри го теши 4-годишниот Бекет додека повраќа над тоалетната школка по хемотерапијата.

Кејтлин сега објави дека Бекет се вратил на училиште откако минатата недела му заврши хемотерапијата.

– Влезе неговиот онколог и рече: „Нема повеќе хемотерапија. Завршивме. Се ослободивме од сѐ. Бекет беше шокиран. Неговото лице се осветли, беше горчливо-сладок момент – рече таа.

Мајката истакнува дека нејзината ќерка имала големо влијание врз нејзиниот брат и му помогнала да ја надмине злобната болест.

– Во неа виде мајчински лик, но сега стана понезависен. Секогаш кога Обри се обидува да му помогне, тој инсистира да направи нешто сам. Сега можат да играат нормално како другите браќа и сестри – додава Кејтлин.

Но, не било секогаш така. Бекет и мајка му поминале еден месец во болница веднаш по дијагнозата, а за Одри се грижела нејзината баба. Кога Бекет се вратил од болница, бил слаб и не можел да оди. Таа сакала да си игра со нејзиниот брат, но тој не можел. Не ѝ било јасно зошто постојано спие и често оди во тоалет.

– Не знаеше што се случува, но ѝ беше јасно дека нешто не е во ред. Ние ѝ помогнавме да го преброди тоа – вели мајката.

Обри сакала да знае за лековите и медицинската опрема на нејзиниот брат.

Родителите ѝ објасниле дека е болен, дека тоа е болест што не може да се спречи и дека таа нема да се зарази од неа. Така, девојчето му стана најголема поддршка на нејзиниот бран.

Акутната лимфобластна леукемија е најчестата форма на рак во детството. Таа е одговорна за 80 отсто од акутните леукемии во детството и е најчеста на возраст од 3 до 7 години. Оваа болест влијае врз лимфоцитите кои не созреваат во развојот и стануваат вишок.

Клетките брзо се размножуваат и ги заменуваат нормалните клетки. Некои од симптомите на акутна лимфобластна леукемија се треска, замор, болка во коските или во зглобовите, крвавење, модринки, исип или промени на кожата и бледило.

Извор



912

X