Чекањето автобус воопшто не мора да биде здодевно. Едно момче ја претвори автобуската станица во подиум и почна да танцува, па освои многу симпатии. Краток исечок од оригиналот беше објавен на „Тик-ток“, а потоа и на „Инстаграм“.

– Кога автобуската станица е вашиот подиум за танцување – пишува во описот на видеото на момчето кое прави многу интересни движења додека чека автобус.

Многумина признаваат дека не можат да престанат да го гледаат видеото, додека други не можеа да одлучат дали повеќе им се допаѓаат движењата на момчето или неговата фризура.

Извор



912

X