Здравје

Дали по прележана варичела детето може да оди на море

Кога ќе поминат 2 недели од почетокот на болеста, можете да одите на море, се разбира, ако немало позначајни компликации.

Потребна е внимателност во 3 аспекти од летувањето на море:

-Првиот е избегнување на силното сонце, бидејќи кожата се уште е во фаза на заздравување од сипаниците. Благото утринско и „предвечерното“ сонце е добродојдено, а сето измеѓу не пеприфатливо.
-Вториот аспект е редовно туширање по излегување од море, како и редовно вечерно туширање. Ова е важно за да се избегне иритација и подоцнежна инфекција на местата како што биде поголемите сипаници кои речиси отпаднале.

-Третиот важен аспект е избегнување контакт со болни. Вашето дете има ослабен имунитет после варичелата и почувствително е во однос на бројните летни инфекции. Ова е важно во првите 3 до 4 недели од почетокот од болеста.


Автор: д-р Горан Вукомановиќ

Извор

Поврзани написи

To top