Иако луѓето стануваат посериозни со возраста, некои навики од детството не е лесно да се отстранат. Постојат работи што ги прават и во зрелоста.
– Кои детски работи ги правите сега, кога сте возрасни? – праша еден корисник на социјалната мрежа „Редит“ и многумина веднаш се вклучија во дискусијата. Некои одговори може да ве вратат во детството и да ве насмеат до солзи.
– Одам на детско одделение и ги притискам сите играчки за да видам дали прават некаков звук.
– Јадам пудинг со бебешка лажичка. Имам 30 години. Сакам да го почувствувам силиконот на забите.
– Се обидувам да не застанам на линијата кога одам по пат.
– Се возам на количката во продавница.
– Се качувам по скалите на четири нозе. Имам 35 години и сè уште победувам.
– Замислувам желба и дувам во глуварче.
– Играм со кадифени играчки и разговарам со нив.
– Бесен сум ако немам попладневна дремка.
– Ако видам исушен лист на тротоарот, го стапнувам.
– Живеам со родителите.
912