Игротека

Се породила во авион, не знаела дека е бремена

Жена која воопшто не знаела дека е бремена се шокирала откако се породила во авион. Џулија Хансен на нејзиниот профил на „Тик-ток“ сподели снимка направена неколку моменти по породувањето на Лавинија Мунга од Јута.

На снимката може да се слушне плачот на новороденчето, додека патниците на летот од Солт Лејк Сити до Хонолулу аплаудираат. Хансен тврди дека на жената ѝ било дозволено да патува во третиот триместар од бременоста затоа што не знаела дека е бремена.

Медицинската сестра во авионот на нејзиниот фејсбук-профил напиша дека во вецето на авионот породиле мајка која била во 27. недела од бременоста.

– Среде океанот, со три медицински сестри, лекар и лекар по семејна медицина, успеавме да ја породиме мајката. Бебето и мајката се одлично – пишува таа.

Таткото на бебето, Итан Магалеи, изјави дека е зачуден од доаѓањето на нивното „чудо“ на свет и им се заблагодари на сите што помогнале за време на породувањето.

Видеото на Хансен е прегледано повеќе од 10 милиони пати.

– Мајката и бебето беа совршено здрави кога слегоа од авионот. За оние што прашуваат како ѝ било дозволено да лета во третиот триместар, нејзиниот татко ме извести дека воопшто не знаела дека е бремена – пишува Хансен.

Извор

Поврзани написи

To top