Голем предизвик е да се биде наставник. Наставникот е тој што ги поттикнува љубовта и жедта на детето за знаење и осознавање на работите. Секако, во меѓувреме, наставниците и учениците многу се забавуваат.
Така, еден наставник кој им предава на првачиња им поставил едноставно прашање: Што би направиле вие како претседатели на светот?
Одговорите од децата ги објави на својот твитер-профил, а интернет-корисниците беа воодушевени од урнебесните идеи на децата.
Ова се нивните одговори.
Алис: – Благо за појадок… секој ден!
Кејти: – Ќе изградам куќа за мојата мајка.
Џек: – Ќе одам во Лондон и ќе живеам во Биг бен.
Тоби: – Ќе пијам топло чоколадо и ќе јадам чоколадо.
Ема: – Ќе им помогнам на луѓето со спелувањето.
Мики: – Ќе си купам „плејстејшн 5“.
Рејви: – На сите ќе им купам пица.
Роузи: – Ќе ја фрлам математиката во кантата за ѓубре и ќе играм. Роботите можат да решаваат математика додека ние играме.
Венди: – Ќе го запрам вирусот.
Бен: – Ќе го запрам вирусот заедно со Венди.
Сузана: – Ќе го ставам мојот брат во голем кафез.
Џорџ дури постави и анкета за тоа кое дете би победило. 42 отсто од твитер-корисниците го изгласаа Рејви и неговата одлука да купи пица за сите.
912