Повеќето од нас го потценуваат предизвикот да се воспита дете. Можеби имаме одредени верувања и замислувања за тоа како е да се има дете. Тоа е така сè додека не се роди вашето дете.

Потоа сфаќате дека немате поим што значи да се роди бебе. Она што замислувавте дека е задача што може да се организира и управува, се покажа дека е одговорност поголема од животот, со 24-часовни смени и непроспиени ноќи. Откако ќе се роди бебето, сфаќате дека родителството никогаш не било лесно. Со малото дете доаѓа огромна одговорност.

Истовремено, имате мал ангел кој компензира за сите непроспиени ноќи и големата одговорност. Воспитувањето деца е една од највредните работи што можете да ги направите во животот. За да ви помогнеме да ја олесните тежината на одговорноста што ја носи бебето, во продолжение се дадени слатки и инспиративни цитати кои ги слават радостите и чудата што ги носи бебето.

– Насмевката на бебето го прави животот вреден за живеење – Дебашиш Мрида.

– Бебињата плачат кога ќе се родат затоа што тогаш првпат искусуваат одделување од љубовта – Каманд Коџоури.

– Бебето е танцувачка радост на животот – Дебашиш Мрида.

– Она што му се ѕвездите на небото, тоа ни се децата во нашите животи. Тие заслужуваат да сјаат – Чиноније Џ. Чидолуе.

– Децата ја гледаат магијата бидејќи ја бараат – Кристофер Мур.

– Немојте да стоите кога бебето плаче. Неговата единствена желба е да го допрете. Одете кај вашето бебе. Одете кај вашето бебе милион пати. Покажете му дека на луѓето може да им верува, дека на средината може да ѝ се верува, дека живееме во бениген универзум – Пеги О’Мара.

– Бебињата се одличен начин за почнување на животот на човекот – Дон Херолд.

– Кога ќе се роди бебето, неговите чувствителни органи се во контакт со надворешниот свет. Брановите на звук, топлина и светлина го напаѓаат неговото слабо тело, неговите чувствителни нервни влакна треперат, мускулите се собираат и се отпуштаат во покорност: вдишување, здив во овој чин на прекрасен мал мотор, со незамислива деликатност и сложеност на конструкцијата, нешто сосема различно на Земјата, е врзано со работата на тркалата на универзумот – Никола Тесла.

– Слаткото бебе допрено близу вашето лице е одличен тоник за тажна душа – Ерика Ајсдорфер.

– За длабоко да разберете бебе, прво мора да бидете мајка – Дебашиш Мрида.

– Бебето е бунар од желби. Сите ги ставаат нивните надежи, стравови, минатото во нив – Елизабет Бард.

– Не постои ништо позаразно од смеата на малите деца; не е ни важно за што се смеат – Крис Џами.

Извор



912

X