Изборот на името на детето е една од оние родителски задачи што изгледаат навистина забавно и возбудливо сè додека навистина не треба да го сториме тоа.
Кога ќе забремените, одеднаш ќе ве погоди веста дека треба да изберете име што другите луѓе ќе го идентификуваат со вашето дете до крајот на животот. Тоа е навистина огромен притисок за идните родители. Сепак, фазите за достигнување на совршеното име може да бидат навистина смешни.
Една мајка сподели 13 емотивни фази додека се обидувала да избере совршено име за нејзиното бебе.
1. Не ми се верува дека конечно сум бремена. Конечно можеме да почнеме со избирање име. Ова ќе биде многу забавно.
Откако една другарка во шесто одделение ми рече дека ќе се омажам за Џастин Тимберлејк и ќе имам седум деца, ги наполнив тетратките со имиња. Целосно сум подготвена.
2. Добро, за почеток потребни ми се сите книги што постојат за имиња на бебиња.
Се покажа дека тетратките се полни со смешни имиња, но имам време. Едноставно ќе ја потрошам заштедата во животот купувајќи книги со имиња за бебиња и ќе изберам име.
3. Постојат илјадници имиња.
Сега, навистина морам да ги прочитам сите имиња од книгите.
4. Знам: Ако е момче, се зема предвид едно од овие 150 имиња, а ако е девојче, едно од овие 200 имиња.
Само ќе му ги испратам на мојот партнер и ќе му речам да каже кои му се омилени. Со тоа ќе ги намалиме на 70 или 80 силни кандидати.
5. Не ми се верува дека мојот партнер ги мрази сите, баш сите овие имиња.
Требаше да бидеме сродни души. Тоа треба да значи дека му се допаѓа мојата идеја бебето да се вика Клементина.
6. Добро, го знаеме полот. Ова треба да ни помогне да елиминираме неколку имиња, нели?
Можеме да исфрлиме цел список, освен имиња кои се родово неутрални. Тоа ни остава уште 300 можности.
7. Сега се чини дека секое име веќе е зафатено.
Размислував за името Ела, но се сетив дека мојот цимер од факултет има ќерка со тоа име. Мојот партнер ми рече дека му се допаѓа едно име, но мајка ми рече дека имам братучед со такво име.
8. Зошто секое име ме потсетува на некоја ужасна личност?
Оливера е девојката која ме исмејуваше во средно затоа што имав мали гради. Тамара ми ја побара омилената книга и никогаш не ми ја врати. Исидора е име на една колешка која на работа секогаш јаде лосос. Ника е неговата поранешна девојка. Чекај, како тоа име се најде на листата?
9. Неверојатно. Го намаливме списокот на три имиња што двајцата ги сакаме. Но, проблемот е што нашите семејства ги мразат тие имиња.
Имињата не требаше да ги споделуваме со луѓето. Мајка ми ми испрати порака на „Фејсбук“ и рече дека сака да го крстиме бебето по нејзината прабаба што никогаш не сум ја запознала.
10. Боже, мојот термин е утре, а ние сè уште немаме име!
Морам да се обидам да останам смирена. Треба повторно да го разгледам списокот. Останаа само 68 имиња на него. Можеби треба да направиме анкета на „Твитер“ и да ги прашаме следбениците што мислат. Не, не можам да го направам тоа.
11. Избравме име! Јас и мојот партнер конечно одлучивме.
Ова дете сега има име и презиме. Ни беа потребни само 540 часа за да одлучиме.
12. Работата е што сè уште не сум 100 отсто сигурна дали името одговара на презимето.
Докторе, постои начин да го одложам породувањето за да се вратам на избирање на името?
13. Нашето совршено бебе пристигна!
Излегува дека целата работа околу името е едноставна. Штом ја видовме, веднаш знаевме кое име најмногу ѝ одговара.
912