Во последно време гледам многу листи со домашни обврски за малите деца. Но, морам да кажам, некои од нив не ме воодушевуваат и се прашувам дали авторите на тие листи воопшто имаат деца? Особено кога ќе видам дека децата треба да си ја средат облеката, да ги исчистат чевлите, да го исчистат подот, да го средуваат креветот или да носат дрва.

Еве што знам за домашните обврски и малите деца: најдобро би било да ги намалите вашите очекувања. МНОГУ. Бидејќи, тоа се двегодишни и тригодишни деца, па се наоѓате во доста чувствителна област.

Како татко на три деца (најмалото наскоро ќе наполни две години), сметав дека е добро да споделам листа со домашни обврски кои моето двегодишно дете ќе може да ги реализира. А, ако очекувате нешто повеќе од тоа, подгответе се за разочарување:

1. Помогни им на мама и татко да ги заштедат нервите така што нема да имаш 20-минутен испад на бес во 2 часот по полноќ затоа што си го изгубил чорапчето.

2. Исчисти зад себе на начин на кој нема да истриеш банана на косата.

3. Исчисти ја кадата на начин на кој нема да се искакаш во неа.

4. Кога ќе завршиш со јадење, остави ја чинијата на масата наместо да ја фрлаш на под, смеејќи се како крал.

5. Помогни им на родителите да го задржат достоинството и не соблекувај ги панталоните на јавно место.

6. Исчисти го домот на начин на кој нема да правиш уметничко дело со твоите какушки како да се пикасо-какушки.

7. Помогни му на татко ти да не пцуе така што и двата чорапи ќе ги ставиш во плакарот наместо да ги криеш низ домот.

8. Спиј подолго.

9. Јади повеќе отколку само еден залак од јаболкото пред да ти падне на под и пред да почнеш да врескаш, да се фрлаш на подот и да бараш друго. Поради такви работи тато сака да повика свештеник бидејќи изгледаш како да си опседнат.

10. Воздржи се од јадење пари, камења.

11. Фрли го неизеденото парче сирење во ѓубрето, а не во фиоката за долна облека на мама.

12. Помогни во грижата за мачката на начин на кој нема да ја јадеш нејзината храна и нема да пиеш од нејзиниот сад. Запомни, не си мачка.

13. Седни во автомобилското седиште без да ги удираш мама и тато по лицето.

14. Придонеси за семејната среќа не стапнувајќи на лицето на тато секое утро за да гледаш низ прозорецот.

15. Помогни со садовите така што нема да се качуваш на машината за миење садови.

16. Помогни со алиштата така што нема да фрлаш чиста облека на подот и нема да седиш во корпата за алишта и да се преправаш дека возиш автомобил.

17. Исчисти го кујнскиот под така што ќе ја држиш храната во устата.

18. Немој да умреш.

Знам дека листата е долга за деца од две и три години, па затоа слободно приспособи ја на твоето дете. Можеби, за почеток, правете само една задача на ден. Или две. Поставете ваши очекувања, но најважно, не зголемувајте ги.

Извор



912

X