Сега кога сте веќе возрасни луѓе, кога ќе ве праша некој со што се занимаваат вашите родители, знаете што да кажете – лесно е. Мајка ви е адвокат/лекар/инженер, додека татко ви е… чекајте, што навистина работи вашиот татко? Нешто поврзано со документи, вежби, диносауруси… Така?
Моментот на збунување и вашата имагинација значи дека се буди детето во вас. За момент повторно се чувствувате како дете, ги засмејувате другите со вашите изрази. Корисникот на „Твитер“ – „ЛејдибагАсасин“ започнал со ширење на трендот за споделување интерпретации на децата во врска со професиите на нивните родители кои ќе ве насмеат. Еве неколку примери:
„Ќерката на мојата пријателка добила прашање што работи нејзината мајка. Таа одговорила дека преместува листови хартија наоколу и зборува на телефон. Мојата пријателка е судијка“ – „Хаусхолд Говермент“.
„Мајка ми е извршен проектен менаџер за градежна компанија, а јас им велев на луѓето дека за да заработи, мајка ми оди на градилишта и им вика на луѓето“ – Мејди.
„Кога бев дете, на сите им велев дека татко ми јаде пуканки и тоа е неговата работа, бидејќи еднаш го посетив во канцеларија, ми даде да јадам пуканки додека чекав да му заврши состанокот. Тоа беше сè што помнев за неговата работа“ – „Цули Саундерс“.
„Има и полошо… јас им кажував на луѓето дека мајка ми е крадец. Таа работеше како патописец и носеше дома забавни предмети од различни места, а потоа, по години користење, продаваше некои од нив. Мајка ми ќе умреше кога дозна“ – „Кетрин Ленски“.
„Мојот татко е инженер и јас секогаш велев: Тој бои – бидејќи секогаш имаше боици на неговото биро (боиците му беа за обележување на цртежите)“ – „Лорен“.
„Ѝ реков на мојата учителка дека татко ми им дава пари на оние на кои им треба, а зема пари од луѓе што не сакаат да му дадат пари. Мојот татко беше политичар“ – „Керит Стивенс“.
„Јас сум невработена мајка и кога воспитувачката во градинка го прашала син ми што работам, тој рекол дека сум слугинка“ – „Енди Олсон“.
„Мајка ми работеше како агент за недвижности и јас ѝ велев на учителката дека нејзина работа е да влегува во куќи на непознати луѓе“ – „Кејти Блм“.
Автор: Јонас Гриневичиус/Јустинас Кетурка
912