Познатата кантавторка е пример за тоа како треба да ѝ се оддолжите на својата заедница на најдобар начин – преку вложување во децата и образованието.

Во 90-тите години дури 34 отсто од средношколците во родниот град на Доли Партон, Севијервил, во Тенеси, го напуштиле образованието пред матурирањето.

Учениците од завршните класови биле повикани на собир во Фондацијата „Доливуд“, која е основана токму од Партон. Секој од нив бил замолен да избере свој партнер и им било кажано дека доколку и двајцата матурираат, Доли Партон лично ќе им врачи чек од 500 долари. Како резултат на оваа акција, таа година процентот на откажување се намалил на 6 отсто и останал на исто ниво до денес.

По успехот на оваа програма за партнерство, Партон се посветила на решавање на проблемите во образованието кои се создаваат уште во првите одделенија на училиште, кога учениците се на различно развојно ниво. Нејзината фондација почнала да плаќа дополнителни помошници на наставниците во секое одделение од нижите одделенија во следните 2 години, а училиштата ветиле дека доколку овој систем се покаже како успешен, по пробниот период самите да продолжат со него.

фото извор: readbrightly.com

Во текот на истиот период Партон ја основала Библиотеката на имагинацијата. Целта била децата од нејзиниот град, особено оние од сиромашните семејства, кои немаат исти услови во текот на растењето, да добијат поддршка која ќе им овозможи полесно да бидат во чекор со своите побогати врсници. Благодарение на библиотеката, секое дете во округот добива како подарок секој месец по една книга преку пошта, од раѓање па до тргнување во претшколско образование. Она што почнало како иницијатива во нејзиното родно место денес се проширило низ цела Америка, Австралија, Канада и Обединето Кралство.

Својата стомилионита книга Доли Партон ја донирала во 2018 година во Конгресната библиотека. Тоа бил примерок од нејзината книга „Шарено палто“, посветена на нејзиниот татко, кој никогаш не научил да чита и пишува.

Извор



912

X