Мислите на модерниот индиски филозоф Рабиндранат Тагоре (1861-1941) за воспитувањето и образованието на децата се драгоцена помош за родителите и наставниците, бидејќи јасно укажуваат на најважните елементи врз кои се темели здравиот развој на личноста на младите.
„Ние сме родени во овој свет за да го прифатиме, не само да дознаеме за него. Знаењето можеби ќе нè направи моќни, но многу ќе постигнеме ако сме полни со сочувство. Најдобро образование не е она што ни дава само факти, туку она што ни овозможува хармонија во животот.
Но доаѓаме до фактот дека училиштето не само што ја запоставува ваквата лекција за сочувство туку и се бори против неа. Од најраното детство ни создаваат навики и ни наметнуваат знаење на таков начин што нашиот живот се одделува од природата, а нашиот ум и свет од најраните денови се контрадикторни еден на друг. На тој начин, образованието за кое сме предодредени се запоставува, а нас нè тераат да го изгубиме нашиот свет, и наместо него, да навлеземе во куп податоци. Ние на детето му ја одземаме Земјата за да го научиме географија, му го одземаме јазикот за да го научиме граматика. Тоа копнее по приказна, а е затрупано со список на факти и датуми. Природата на детето се буни против вакво нечовечно однесување, страда по својата сила, за на крај да биде замолчено со казна“.
Како мудриот Тагоре ја гледа целта на образованието на човекот? Кон што ги упатува родителите и сите воспитувачи и наставници?
„Целта на образованието е на човек да му ја овозможи вистината. Некогаш одамна, кога животот бил едноставен, сите различни аспекти на човекот биле во целосна согласност. Но кога дошло до поделба на интелектот од духовната и физичката култура, образованието својот акцент го стави на интелектуалниот и физичкиот дел од човекот. Ние само обрнуваме внимание на децата да им дадеме информации, не сфаќајќи дека со овој пристап го продлабочуваме јазот помеѓу интелектуалното, духовното и физичкото.
Јас верувам во духовниот свет не како во нешто одделено од овој свет, туку како нешто што е најдлабоката . Не можеме нашиот живот да го сметаме како сон на сонувач кој никогаш не се буди“.
912