Цветанка Петрова, инженер-технолог и нутриционист

Цветанка Петрова, инженер-технолог и нутриционист

Нутрико диет клуб
магистранд на Диететика
е-пошта: nutrikodietklub@gmail.com
веб: www.mojnutricionist.mk

Повеќе од авторот

Првите 1.000 дена, односно првите 8.000 дена од животот на човекот се исклучително важни за неговото здравје.
Во првите 1.000 исклучително важни денови ги вбројуваме следниве периоди:
3 месеци пред зачнувањето на плодот, потоа целата бременост, па се до 2 години старост.

Првите 8.000 дена, кои исто така играат важна улога при оформувањето здрав организам, завршуваат некаде по 21., односно 22. година од животот.

Зошто велиме дека се од исклучителна важност?

Имено, во овој ран период на развој човечките клетки имаат својство на голема пластичност, односно способност за промена и диференцијација. Затоа е многу важна исхраната во овој период, бидејќи со храната можеме да влијаеме врз нив и да ги промениме. Овој процес го нарекуваме нутритивно програмирање.

Всушност, со храната што ја внесува мајката во текот на бременоста, како и со храната што ја внесува доенчето, можеме позитивно да влијаеме врз неговите гени, во насока да го заштитиме од можна појава на хронични неинфективни болести во текот на животот, дури и ако детето можеби наследило некои „лоши“ гени од родителите.

Исто така, важен период кој го вбројуваме во оние 8.000 дена е тинејџерскиот период, кога мора да го научиме детето не само да се храни здраво, туку и да развие правилни нутритивни навики, кои ќе ги следи во текот на целиот живот како еден вид нутритивна шема.

На тој начин на детето му овозможуваме исклучително добра заштита од развој на хронични неинфективни болести.



912

X