Интегрираниот систем е толку добар колку што е добра неговата најслаба алка, вели д-р Боро Јакимовски, вонреден професор и продекан за наука и соработка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Ова е наједноставната реченица која сублимира сè што се случуваше во заднина кон крајот на септември и првата половина од октомври, кога во услови на пандемија на Ковид-19 учебната година почна со настава претежно преку новата национална платформа за настава од далечина. Додека најголем дел од јавноста очекуваше нов, штотуку отпакуван и сјаен компјутер кој совршено функционира, 6-7 инженери од ФИНКИ со поддршка од триесетина национални обучувачи деноноќно ги ловеа грешките во комплексниот систем кој успеаја да го конструираат за многу кратко време. Сега, откако платформата е иницијално стабилизирана, тие имаат 15 минути за здивнат (иако сè уште интензивно работат на оптимизации), па дел од тимот детално објаснува зошто платформата „паѓаше“.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X