Видеото на еден татко кој покажува целосен водич за тоа како треба да се грижите за едно бебе е прилично популарно на интернет. Таткото ги споделува неговите секојдневни борби со кои се соочуваат многу родители, но со смешен пресврт.

Токму овие видеа го привлекуваат вниманието на луѓето и стануваат популарни. Овој пат тој направи компилација од клипчињата што ги споделувал низ годините.

– Комплетен водич за бебиња. Ги собрав моите најдобри, темелно истражени, видеоинструкции за сите работи поврзани со бебето – пишува тој под видеото споделено на неговиот инстаграм-профил.

Од тоа како да го натерате бебето да спие до тоа како да патувате со дете, прикажаните ситуации се различни. Иако трае повеќе од девет минути, големи се шансите да го изгледате докрај.

Извор



912

X