Ако претходно велевме „ќе помине“, сега покачена телесна температура над 37,5 е првиот симптом што веднаш ќе ви го измести секојдневието и ќе ве стави на мисла дека можеби сте позитивни на Ковид-19. Истовремено ќе се преиспитувате дали чувствувате уште некој друг симптом и на секое шмркање или поткашлување ќе бидете со една нога кај матичниот лекар.
Си велите дека можеби е настинка, можеби е Ковид-19, а можеби е некоја бактериска инфекција.
И паниката може да почне.

Но што кога со заладувањето на времето ќе се намножат вирусните и бактериските инфекции, па ќе се појави и вирусот на грип? Како може да се разликуваат настинка, сезонски грип, Ковид-19 или, пак, некоја бактериска инфекција. За што сè ќе одиме на лекар и колкав е ризикот и таму да се разболиме, оти очекувано ќе се наполнат чекалниците?
Кај децата ќе биде тешко дијагностицирањето на овие два вируси зашто тие и во двата случаи знаат да имаат благи симптоми.

Што велат лекари, микробиолози и од Министерство за здравство прочитајте на Факултети.мк.



912

X