Без разлика колку добро се чувствувате и вашата бременоста тече во најдобар ред, постојат домашни обврски кои за време на чекањето на најубавиот ден во вашиот живот би требало да ги избегнувате…
Иако нема жена која со воодушевување ќе пристапи на големо чистење на станот, оваа работа сепак мора повремено да се завршува. Меѓутоа, одредени работи во домот може да бидат прилично опасни за идната мајка и здравјето на нејзиното бебе, па во тој случај би требало да се побара помош од членовите на семејството.
Еве што од домашните обврски би требало да избегнувате во следните 9 месеци:
1. Користење хемиски средства
Производи како што се средства за убивање мравки, средства за чистење на рерната или избелувач, не би требало да се најдат во рацете на идната мајка бидејќи имаат многу токсично испарување. Голем број средства за чистење имаат силен и непријатен мирис, а можат да бидат и опасни доколку дојде до нивно мешање. Кога ќе почнете со чистење на домот, задолжително отворете ги прозорците за да си обезбедите доволен проток на свеж воздух. Средствата за чистење ја нагризуваат кожата, а особено прават проблем на чувствителна кожа, така што заштитните ракавици треба да бидат задолжителен реквизит. Прочитајте ги упатството и предупредувањата на етикетата од производот што ќе го користите, но најдобро би било додека сте бремени да користите природни средства за чистење кои лесно можете да ги направите од кујнски намирници.
2. Преместување на мебелот и кревање тешки предмети
Во текот на бременоста не би требало да се правите јунаци и да го поместувате мебелот или да носите тешки кеси од продавница. ‘Рбетниот столб трпи големо оптоварување со зголемувањето на телесната тежина, а секое дополнително оптоварување може да доведе до болки. Вашето држење се менува во текот на бременоста бидејќи центарот за рамнотежа се поместува и доколку кревате или поместувате тежок мебел, би можеле да го повредите ‘рбетот. Од таа причина, тие обврски би требало да му ги препуштите на некој друг. Кога е во прашање купувањето, набавите торби кои ќе ви го олеснат носењето на намирниците.
3. Бришење прашина
Прашината е засолниште за многу токсини во нашиот дом. Една студија идентификувала 35 загадувачи во тестирани примероци од прашина, вклучувајќи алкил феноли кои се поврзани со променет сексуален развој, потоа органотински соединенија за кои постои сомневање дека влијаат врз развојот на мозокот, перфлуорирани хемикалии, пестициди и фталати. Од тие причини, за сигурно да ги отстраните овие опасности од прашината – чистете со правосмукалка, а мебелот бришете го со крпа од микрофибер или влажна крпа и внимателно менувајте ги филтрите на правосмукалката.
4. Чистење животински измет
Без разлика колку ги сакате вашите миленичиња, не им се препорачува на трудниците чистење на песокот од мачката и изметот од кучето бидејќи со тоа се изложуваат на многу паразити и микроорганизми. Проблемот што би можел да настане доколку самите редовно го менувате песокот во кој вашиот миленик врши нужда е заразата токсоплазмоза, инфекција која ја пренесуваат паразити, а која се наоѓа во изметот на мачката. Ако баш морате да ја завршите таа обврска, носете ракавици и добро измијте ги рацете потоа.