Во многу одделенија денеска, додека траеше часот, имаше технички проблеми, па онлајн-средбата со наставниците се сведе на поправање на грешките, исклучување и вклучување на платформата. Надлежните уверија дека во од ќе се решаваат сите проблеми поврзани со онлајн-наставата

Овој почеток на учебната година е различен од претходните, но мислам дека некако се навикнавме на овој начин на работа преку компјутер во текот на изминативе месеци. Бевме организирани онлајн, комуникацијата се одвиваше по „Вибер“, по пораки. Сега, како за прв ден, малку беше возбудливо, неизвесно е и за нас и за децата како ќе одат часовите, што ќе се случува

Како започна учебната година во време на Ковид-19 во семејството Малиновски, кое брои шест члена, од кои четири се деца? Со една реченица – возбудливо и неизвесно, но и малку разочарувачки зашто нема настава со стандардно физичко присуство.

Мила, Христијан, Ева и Лука се деца на Ирена и Трајче Малиновски. Мила е највозрасна и е студентка во втора година на Филозофскиот факултет, Христијан е ученик во четврта година во гимназијата „Никола Карев“, Ева е ученичка во шесто одделение, а Лука е трето одделение во училиштето „Коле Неделковски“. Ако до минатата година подготовките вклучуваа и набавка на ранци, тетратки и прибор, годинава приоритет им се дава на компјутерски уреди и опрема што е неопходна за онлајн-наставата.

Ева

– Најголемата ќерка е студентка, за неа денот беше вообичаен со оглед на тоа дека немаа официјален почеток на академската година како што имаше за бруцошите. Христијан е четврта година во „Никола Карев“, па имаше онлајн-час кој го проследи од дома. Учебниците ги има, распоредот на часови исто така, информирани се сите во неговиот клас дека присуството е задолжително и дека мора да се вклучени. Ева е шесто одделение, таа и нејзините соученици вчера во живо се запознаа со новите наставници во училишниот двор, а денешниот час им беше одложен за утре. Најмалиот Лука, пак, го однесовме на училиште, тој е трето одделение во класична настава. Од понеделник ќе може да оди во целодневна настава. Се виде со другарчињата по подолго време. Знаете како е, сите дечиња беа со маски, се почитуваше протоколот. Некоја нова реалност и доживување и за децата и за нас – вели мајката Ирена Малинковска.

Во домот на Малиновски немало потреба од нови ИТ-уреди за децата бидејќи веќе имаат, но сепак неопходно било да набават слушалки, микрофони и друга придружна опрема.

Мила

– Овој почеток на учебна година е различен од претходните, но мислам дека некако се навикнавме на овој начин на работа преку компјутер во текот на изминативе месеци. Бевме организирани онлајн, комуникацијата се одвиваше по „Вибер“, по пораки. Сега, како за прв ден, малку беше возбудливо, неизвесно е и за нас и за децата како ќе одат часовите, што ќе се случува. Децата малку разочарано го прифатија фактот дека наставата повторно ќе се одвива на компјутер, бидејќи тие сакаат физичко присуство. Овде е важен социјалниот аспект, интеракцијата на часот. Среќна околност е што Ева и Лука се музичари, Лука ќе свири виолончело како сестра му, па ќе одат на часови – додава мајката.

Да се биде родител на четири деца е предизвик, но како што растат сè станува полесно, додава таа.

– Сите заеднички придонесуваат во домот, а најдобро е што меѓусебно си помагаат кога имаат потреба од помош. Пред неколку дена децата нè изненадија мене и сопругот Трајче со ручек. Тоа беше најубавиот ден во мојот живот – низ смеа раскажува Малиновска.

Лука

Инаку, денеска наставата во 600 училишта во земјата започна со физичко присуство. На училиште појдоа само децата од прво, второ и трето одделение со маски на лицата, со мерење температура на влез и со дезинфицирање на рацете, а останатите ученици од четврто одделение до четврта година средно имаа одделенски час преку националната онлајн-платформа за учење на далечина преку „Мајкрософт тимс“. Додека траеше часот, имаше технички проблеми, па онлајн-средбата со наставниците се сведе на поправање на грешките, исклучување и вклучување на платформата. Надлежните уверија дека во од ќе се решаваат сите проблеми поврзани со онлајн-наставата.



912

X