Образование

МОН: Продолжете со обидите за поврзување на националната платформа, тестирањето е во тек

Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на националната платформа за учење на далечина, овој процес е во тек и ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови, информираат од Министерството за образование и наука – МОН.

– Само во текот на вчерашниот ден на платформата беа најавени над 88.000 активни корисници. Тие придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците што произлегуваат од оптоварувањето на платформата во оваа фаза на нејзина имплементација. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери (серверите за базите со податоци (database servers); серверите за балансирање на оптоварувањето (load balancer) и серверите за опслужување на корисниците (web servers)) – информираат од МОН.

Како резултат на денешното тестирање, можно е корисниците на платформата повремено да добиваат порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.

– Овој процес ќе помогне за успешно ставање на платформата во функција и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамките на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование. Ве охрабруваме да продолжите со поврзувањето на националната платформа за учење на далечина и во наредните денови и редовно да ги следите новите содржини што ги поставуваме на главната страница (www.schools.mk) – велат од Министерството.

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top