Очекував, со оглед на ситуацијата, да има некакво содржинско, а не само временско кратење на наставните програми. Кај германскиот јазик, на пример, во 8. и 9. одделение наставната програма е обемна, вели наставникот по германски јазик, Стефан Симовски од Скопје
Наставници што предаваат странски јазици во основните и во средните училишта деновиве реагираат дека не добиле скратени програми за работа во новата учебна година. Бирото за развој на образованието во изминатиот период изготви скратени наставни програми за сите предмети во основно и во средно образование.
– Во наставните програми по германски јазик, верувале или не, ништо не е скратено, освен времето за нивната реализација – вели наставник по овој предмет. Наставници реагираат дека залудно чекале толку долго насоки кога не добиле ништо ново.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.
912