Националната платформа за онлајн-настава ќе има многу можности, но најважно е што ќе има интеракција меѓу наставниците и учениците, а секој наставен ден ќе биде организиран според распоред на часови. Замислата е платформата да биде онлајн-простор за електронска училница. Наставниците ќе може да поставуваат материјали, домашни задачи, да прикачуваат фајлови, тестови. Секој ќе може самостојно да ги преземе.
Експертите објаснуваат дека платформата треба да овозможи два важни елемента – првиот дел е интеракцијата, а вториот дел е можноста преку Teams да се организира начинот на настава. Ќе се следи распоредот на часови. Според распоредот, секој наставник ќе ја одржува наставата. Така ќе се избегне хаосот – кој, каде и кога сака да одржува час. Учениците ќе може да влегуваат во училницата, да бидат присутни на часот или да ја следат листата со конкретни настани – кога е следниот час или активност, домашна работа или проект што треба да се заврши. Платформата треба да понуди многу можности во тој дел.

Учениците ќе бидат членови во сите електронски училници, наставниците ќе членуваат во соодветните за нив. Така ученикот во согласност со активностите ќе си проверува во календарот и ќе се информира кој наставник каде држи час.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X