Не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, да се одлучува за избор: или здравје или образование на децата. Тоа не е добро. Сосема искрено, јас во овој процес влегувам како министерка, но и како загрижен и одговорен родител, вели за почетокот на учебната година новата министерка за образование и наука Мила Царовска во интервјуто за Факултети.мк.
Мандатот го почнува во услови на пандемија, кога излегоа на површина децениските проблеми и недостатоци во образованието. Царовска верува дека може се поправат дефектите и да се врати системот на вистинскиот колосек – да создава кадри со знаења и вештини, да се врати довербата на родителите, како и достоинството на наставниците. Најавува промени и вели дека за добри и успешни научни проекти, секогаш ќе се најдат пари.
Интервјуто прочитајте го на овој ЛИНК.
912