Десетгодишната Нанди Бушел од Британија го предизвик Дејв Грол, фронтменот на бендот „Фу Фајтерс“, на натпревар во свирење на тапани. Тој го прифати предизвикот.

Малата Нанди на „Јутјуб“ објавува снимки од нејзините изведби на тапани, а има над 100.000 следбеници. Идол ѝ е токму Дејв Грол, па  затоа таа му испрати предизвик преку „Твитер“.

– Мојот сон е еден ден да свирам со Дјев Грол, Тејлор Хокинс и „Фу Фајтерс“. Господине Грол, би сакала да се натпреварувам со вас. Јас сакам оваа песна, многу е тешка за свирење и многу брза, но е многу забавно – напиша девојчето на својот твитер-профил и постави снимка како ја свири песната „Everlong“.

Снимката за две недели доби 2,8 милијарди прегледи и брзо почна да се шири на социјалните мрежи, па така стигна до Грол.

Тој го прифатил предизвикот и ѝ одговори преку официјалниот профил на бендот „Фу Фајтерс“.

– Предизвикот е прифатен. Долго време не сум ја свирел оваа песна, ти благодарам на инспирацијата. Ти си на ред. Твојот пријател, Дејв – напиша тој споделувајќи снимка од себеси.

– Ги видов твоите снимки, те видов на телевизија, ти си неверојатен тапанар. Навистина ми е мило што избра некои од моите песни. Ова е мојот одговор на твојот предизвик, сега топката е на твојата страна од теренот – вели тој на снимката.

Извор



912

X