Заедно со уште 3.000 родители, етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ преку петиција даде поддршка за онлајн-настава во новата 2020/2021 учебна година. Таа е еден од над 12.000 родители што членуваат на фејсбук-групата „Поддршка за онлајн-настава“, кои посакуваат нивните деца да учат на далечина и го ставаат здравјето, пред сѐ.

– Станав активна во групата „Поддршка за онлајн-настава“ откако се свестив дека деновите од летото поминуваат, а никој од надлежните не излегува со информации што се подготвува како стратегија за новата училишна година, во услови кога епидемиолошката состојба во земјава е една од најлошите во светот. За среќа, имаше и такви родители, како мајките што ја формираа оваа фејсбук-група, кои порано од мене станале свесни за проблемот и кои веќе активно имаа регрутирано голем број истомисленици околу себе – вели Костиќ-Марковиќ.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X