Сите наставници треба да бидат во училница во новата учебна година, без разлика кој модел на настава ќе биде прифатен од Министерството за образование и наука – МОН и препораките што ќе ги даде Комисијата за заразни болести – КЗБ, вели за Факултети.мк заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска.

Иако сѐ уште нема одлука како ќе почне учебната 2020/2021 година поради пандемијата на Ковид-19, КЗБ даде препораки како да се почне, а потоа ќе треба да се донесе конечната одлука. Вчера Комисијата препорача учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн-настава, односно да учат од дома. Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X