„Времето нѐ згази. Сега камионите веќе возат на автопат со 200 км на час, а ние треба да преминеме од другата страна. Веројатно ќе нѐ удрат најмалку 5 камиони. Ама од некаде мора да почнеме“, вели Владислав Бидиков, систем-инженер од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Тој беше еден од петтемина учесници на онлајн-дебатата на тема „Какво образование нѐ чека од 1 септември. Ќе тргнат ли децата на училиште“, која ја организираа Факултети.мк и Деца.мк уште на 9 јули. Во дебатата учествуваа Елизабета Наумовска, заменик-министер за образование и наука, Кирил Барбареев, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Александра Максимовска-Стојкова, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ана Попризова, училиштен психолог во скопската гимназија „Орце Николов“. Бидиков уште тогаш рече дека постои техничка можност за 40 дена да се направи и да се постави солидна платформа за вистинска онлајн-настава, но мора веднаш да се почне. Сите учесници се согласија дека во ситуацијата со Ковид-19 трошењето на времето е луксуз.

– Министерството за образование и наука сѐ уште создава модел, многу време е изгубено. Сепак, ако се сака, сѐ може да се направи. Некогаш, од некаде мора да почнеме – вели тој.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X