Образование

Наместо да биде во самоизолација, класен им делел свидетелства на учениците во Кичевско

Одделението за внатрешни работи од Кичево поднело кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

– Тој во својство на професор и класен раководител во основно училиште во Кичево, на учениците од класот им доделил свидетелства иако знаел дека потпишал изјава за задолжителна самоизолација – информираат од СВР Охрид.

Поврзани написи

To top