Многу антрополози ги прогласија австралиските Абориџини како луѓе најнасочени кон децата.

Штом новороденчето ќе пристигне во заедницата, тоа станува центар на настаните и сите членови на групата го опсипуваат со многу љубов и внимание. Целиот клан постојано им помага на родителите, па дури и ако ги изгуби родителите, детето не чувствува голема загуба бидејќи чувствува голема блискост со сите луѓе околу него.

Самото зачнување на детето, според традиционалните верувања, се одвива во „времето на соништата“ еднакво колку и во реалноста. Всушност, со сексуалниот однос се зачнува само физичката супстанција на детето, додека неговата душа се зачнува со соништа.

Абориџините веруваат дека нероденото дете го најавува своето присуство уште пред зачнувањето – или во форма на визија, сон, необичен настан или на пример болест предизвикана со исхраната.

Новиот живот што избрал да влезе во женското тело, всушност, е независно суштество кое потекнува од далечното минато и живее во длабочините на водите. Се верува дека детето-дух е со големина колку човечки прст, има споени прсти на нозете, а телото му е покриено со коса. Многу е паметно, но може да биде и опасно, освен за идните родители.

Воспитувањето на детето и неговата подготовка за живот во заедницата почнува уште пред раѓањето – бремените жени имаат навика да разговараат со фетусот во матката, да му пренесат традиционални знаења, обичаи, историја на семејството, митови и да продолжат со оваа практика откако ќе се роди детето.

По породувањето, мајката ја зема плацентата и ја закопува во земја. Тоа парче земја е единствено што детето лично ќе го поседува кога ќе порасне, а тоа станува т.н. „Мајка земја“.

Името на детето обично го даваат бабите и дедовците, кои посветуваат голем дел од своето време на тоа. Абориџините  никогаш не им даваат на децата причина за дури и најмал плач, се обидуваат да им обезбедат сè што сакаат.

Доењето на барање трае од три до пет години, но тоа не претставува преголем товар за мајката бидејќи многу роднини жени учествуваат во доењето. Дури и постарите жени, особено бабите, ги дојат своите деца со бистра течност што ја произведуваат жените по менопаузата.

Извор



912

X