Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега не е време да се отворат градинките бидејќи секојдневно има голем број новозаразени пациенти со Ковид-19. Децата се големи преносители на вирусот, изјави денеска тој.
За веќе спроведениот скрининг на вработените во градинките и најавите од пред одреден период дека тие ќе згрижуваат деца, Филипче рече дека во тој момент имало услови да бидат отворени, а скринингот се направил за да се заштитат децата.
– Сепак, потоа почна да расте бројот на новозаболени, поради што не е возможно да се отворат градинките – рече Филипче, додавајќи дека тешко е да се каже тајмингот за отворање, но засега тоа не се планира.
912