Играчките ги прават децата среќни: ЈАСНО Е. Затоа ми беше сеедно што ќе добијат моите деца за роденден од пријателите и семејството. Затоа им помагам на децата да соберат пари за да купат нешто што ќе им се допаѓа во продавницата за играчки. Гледам чиста радост во нивните очи кога гледаат видеа од отворање на нови играчки. Навивам заедно со нив кога ги отвораат сопствените, иако некои од нив не ни разбирам за што служат. Но, тоа не значи дека треба да ги сакам играчките.

По една деценија помината како родител, едно нешто што може да го кажам со сигурност е дека има три вида играчки: оние што ги сакав и ми се допаѓаше што и децата ги сакаат, оние што можам да ги толерирам/игнорирам и оние што би сакала да ги фрлам в оган. Спаѓаат во таа категорија бидејќи создаваат неред и испуштаат врева или предизвикуваат кавги меѓу децата – имам чувство за нив кое никогаш не мислев дека ќе го имам кон предмет. Ова се неколку од нив:

1. Фурби

Оваа обоена крзнена роботска играчка дава впечаток дека децата одгледуваат мали бебиња од животинчиња, а истовремено ги нарушува вашите соништа. Откако зедовме една таква играчка, моја животна цел е да исчезне. Можам да се заколнам дека илјада пати повеќе сум рекла „Не буди го“ за Фурби отколку за сопствените деца.

2. Малечки лего-коцки

Немам време во животот за нив.

3. Дрвени сложувалки

Сложувалките иритираат, од моментот кога се отстранува целофанот за да се отвори кутијата до моментот кога последните две парчиња ќе исчезнат. Уште полоши се оние што создаваат музика или имаат звучни ефекти. Обично се подарок од бабите, а испуштаат звуци кои потсетуваат на шепотења на сатаната наместо на звуци од камиони или животни.

4. Игри со табла

Не.

5. Играчки за во бања

Подобро да им подадеме на децата шолји полни со супа направена од вода и сапуница и да им речеме „Пиј!“

6. Полнети животни

Прифатени се затоа што биле добиени како награда во паркови и слично, но прегратка со нив е малку потешка за спроведување. Поради нивниот состав, невозможно е да се исперат.

7. Играчки што имаат женска и машка верзија – и не мислам дека играчката всушност има пол

Овие играчки се глупост. Момчињата и девојчињата можат да играат со играчки кои не се предодредени со бои како сина за него и розова за неа. А ако фразата „момчињата ќе си останат момчиња“ се пушта како снимка, тогаш ваквите играчки дефинитивно заслужуваат да се запалат.

8. Кукли

Зошто индустријата за играчки не можела да создаде кукли со убави лица? Но, морало да влезете во соба и да се загледате во кукла од која ќе ви застане здивот.

9. Микроскопски кукли

Освен што куклите се морничави, потребно е да бидат и минијатурни. Освен тоа, да имаат еден куп делови и парчиња облека кои децата се мачат да им ги облечат. Погодете што? И возрасните не можат да го сторат тоа.

10. Песок

Наречете го кинетички или уметнички – навистина не ми е гајле. Песок е. Не припаѓа во мојот дом.

11. Музички инструменти што не се реални

Да се учи да се свири на инструмент е одлична работа. Се крева врева, на почетокот, но се совладуваат вештини и може да се напредува, па резултатот е одлична музика. Но, оние играчки-инструменти што не произведуваат реален звук, туку едни исти звуци, може да предизвикаат лутина.

12. Што било со балони

Ако не предизвикува кавга помеѓу децата во однос на тоа чиј ред е да си игра, предизвикува кавга бидејќи сите имаат една таква играчка, но балонот на едниот е поголем отколку на другиот или на едниот му пукнал балонот, па сега сите плачат. Многу забавно.

Ова е само почетокот. Кога огнот ќе се запали, што би фрлиле вие?

Автор: Ким Бонџорно

Извор



912

X