Листа со потребни работи:

– Пелени

По една за секој час од патот, плус неколку во случај на застој, доцнење и слично.

– Простирка на која ќе му ја менувате пелената на вашето дете

Можете да купите од оние за еднократна употреба во супермаркет или од оние што можат да се перат.

– Покривачи

Земете неколку – да ги ставите на местото каде што ќе го спуштите бебето да легне, да го покриете, да се покриете себеси додека доите, да му направите сенка на бебето.

– Кеси

Понесете неколку со различни големини – за искористени пелени, валкана облека или за простирки.

– Крем против исип
– Влажни марамчиња
– Гел за дезинфекција на раце, шампон за бебе и лосион за бебе
– Хартиени марамчиња
– Цуцли
– Неколку омилени играчки
– Облека, чорапи

Имајте предвид дека е потребно да имате облека за една до две комбинации на ден.

– Капче
– Столче за хранење, со прибор и храна

Доколку детето јаде цврста храна:

– Млеко во прав, вода, сок
– Неколку шишенца и чаши
– Грицки што ќе ви ја вратат енергијата
– Пумпици за млеко
– Мала ламба
– Сирупи, лекови против болки и средства за санирање мали повреди
– Кенгур-носилки
– Огради за бебиња
– Базен на дување
– Седиште за автомобил или авион
– Количка

Корисни совети:

– Почнете со подготовка неколку дена пред да заминете на пат. Направете листа со потребните работи.
– Набавете торба за пелени со водоотпорна подлога и каиш за да можете да ја префрлите преку рамо.
– Бидете подготвени за ситуации како што се повраќање и пропуштање на пелените за време на патот.
– Спречете го истекувањето на течностите од шишињата така што ќе ги пакувате посебно во пластични кеси.
– Секоја комбинација што сте ја понеле за бебето спакувајте ја поединечно во кеса, за полесно да се снаоѓате.
– Понесете фотоапарат, полнач и мемориска картичка.
– Набавете мала светилка која можете да ја ставите на книгата и со тоа да имате светлина додека читате, за да не го вознемирувате детето додека спие.
– Запишете го бројот од докторот на вашето бебе во случај да имате некои прашања додека сте на пат.



912

X