Центрите за социјална работа во земјава од понеделник ќе почнат со достава на 18.400 картички за мобилен интернет за социјално загрозените семејства во земјава. Околу 30.000 основци и средношколци со помош на донацијата на „Македонски телеком“ ќе добијат можност да следат онлајн-настава и да ја довршат тековната учебна година.
-Согласно препораките и мерките за заштита и превенција од Ковид-19, Министерството за труд и социјална политика направи план за достава на ваучерите до центрите за социјална работа, кои пак од понеделник ќе ја почнат доставата до семејствата – велат од МТСП.
912