Дека Новак Ѓоковиќ е голем шампион, знаеме отсекогаш. А титулата што вчера ја освои на Вимблдон го докажува тоа повторно и повторно.
Повторно Ноле е оној стариот, кој освојува сѐ. Закрепна од повредата и сето она што го мачеше пред две години, повторно тренира со Марјан Вајда и повторно подигнува пехари.
А вчера имаше и посебна мотивација – најмладиот и најслаткиот навивач, кој го чекаше крајот на натпреварот, да се потпре на трибините и да викне: – Тато, тато!
– Сине, те сакам најмногу – му порача Новак од теренот, а нешто што го направи подоцна најдобро покажува колку навистина го сака и колку е посветен татко.
Имено, откако го зеде трофејот, Ѓоковиќ помина низ ходникот каде што го чекаа новинарите, но и неговиот мал Стефан, кој истрча во прегратките на тато и не го пушти. Откако го зеде синот во прегратка, тој ја бакна својата сопруга Јелена и им се обрати на собраните новинари, кога го прашаа кога може да добијат изјава:
– Дали може тоа да го направиме за пет минути? Потребна ми е оваа прегратка! – рече Ноле, а потоа уште поцврсто го стегна Стефан, кој наскоро ќе го прослави четвртиот роденден.
И повеќе од очигледно е дека токму оваа прегратка за Новак значи многу повеќе од кој било трофеј што некогаш го освоил. И колкав спортист и да е, тој пред сѐ е татко.