Дарко Коцев е магистер по кинезиологија. Во време на пандемија од коронавирус, кога е препорачливо сите да сме во домашни услови, во недостиг на физичка активност на децата, предлага неколку активности, забавни игри реализирани со реквизити и помагала што ги имаме дома – маси, столчиња, детски играчки, перници, крпи, шишиња за вода, овошје и други предмети што можат да помогнат.

– Со тоа ќе се исполнат детските потреби за движење и вежбање и се создава секојдневна навика за вежбање и здрав начин на живеење. Препорачувам секојдневни физички активности за децата, бидејќи детето само преку игра може да ги покаже своите потенцијали, да биде емотивно исполнето, да ги задоволи општите и специфични индивидуални потреби, затоа што преку примена на многубројни различни забавни и интересни игри се влијае врз подобрувањето на моторичките способности (координација,та рамнотежата, флексибилноста, силата, брзината), подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, намалување на стравот, зголемување на самодовербата и др. СЕДИ ДОМА, ВЕЖБАЈ И ИГРАЈ – вели Коцев.

На снимките тој вежба со синовите.

Коцев ни прати објави со фотографии и видеа кои може да послужат како пример за активности.



912

X