Наставниците поминуваат многу време со своите ученици. Токму затоа, наставничката Алиса Ковит одлучила да го документира сето она што нејзините ученици го кажале пред неа, а било урнебесно.
Таа заедно со дигиталниот маркетинг-менаџер Грег Дунбар од „Волт Дизни“ одлучила да создаде инстаграм-профил наречен „Live from Snack Time“ со цел да им покаже на возрасните дека децата не секогаш глумат за да добијат внимание, туку размислуваат гласно како што впиваат информации и како што решаваат проблеми.
– Моите ученици поставуваат неверојатни прашања, а нивните мисли и коментари се многу чисти. Децата ги кажуваат сите работи што ние посакуваме да ги кажеме. Секако, изреките понекогаш се урнебесни, но во нив има и значење, вознемиреност, љубопитност и радост – вели таа.
Резултатот од проектот се овие неверојатни и урнебесни фрази:
– Не те навредувам, те опишувам – 6-годишно дете.
– Го обожавам звукот кога никој не зборува – 6-годишно дете.
– Не можам да ти покажам колку ми недостигаше бидејќи рацете ми се премногу малечки – 6-годишно дете.
– Не бриши ми ги солзите. Сакам да ги почувствувам на моето лице – Хенри, 2 години.
– Псссст, доволно беа зборови – Кејд, 6 години.
– Посакувам ова да не беше вистински живот и јас само да бев фрижидер – Бо, 3 години.
– Не сакам да одам на училиште наутро. Последно бев таму – Али, 3 години.
– Пармезан кашкавал е како светки за твоите шпагети – Калум, 4 години.
– Мама постојано има бебиња, а јас немам доволно лего-коцки за сите – Мени, 5 години.
– Ќе те нацртам, а потоа ќе те избриша бидејќи не си многу љубезен денес – Пејтон, 5 години.
– Ако не сакаш да бидеш под стрес, едноставно не оди на работа – 8-годишно дете.
– Воопшто не ми се допаѓаш, но немам друго место за да живеам – Џојси, 6 години.
– Ќе украдам крилја од птица, ќе летнам, ќе ти донесам ѕвезда и потоа ќе ѝ ги вратам крилјата на птицата – Сајмон, 3 години.
– Физички, имам 8 години, но духовно сум 1.000 години стар – Вилијам, 8/1000 години.
– Ќе си одам во собата за да размислам што ти ми направи мене – Емори, 3 години.
– Maмо, денес денот беше 100 години долг – Паркер, 3 години.
912