Преку заедничкото дружење и предвидените активности децата ќе создадат поинакво гледиште за сè околу нив; проблемот да го претворат во предизвик и шанса; да се насочат кон решението

Магдалена Петреска е професор по одделенска настава со 16-годишно работно искуство во основно училиште. Едукаторот во „Бибиверзум“ е и практичар и обучувач. Таа поседува одлични комуникациски вештини и посветува особено внимание на развивањето правилни навики кај децата за здрав живот, јасно поставени цели, стекнување знаења и постојано усовршување.

– Досегашниот тим на „Бибиверзум“ покажа и докажа дека со сигурни чекори прави револуција во образованието на децата ставајќи ги на пиедестал вредностите, вистинските потреби и културата во општеството, како и храброста да се поддржи професијата наставник. Токму овој концепт ме мотивираше да му се приклучам на тимот со надеж дека ќе донесам нова енергија, свежи идеи и различни начини на размислување во корист на сите деца – вели Магдалена.

Преку заедничкото дружење и предвидените активности децата ќе создадат поинакво гледиште за сè околу нив; проблемот да го претворат во предизвик и шанса; да се насочат кон решението; со љубов, трпеливо и истрајно да чекорат кон својата цел и низ тоа чекорење полека да прераснат во креативни, исполнети и реализирани личности.

Магдалена им порачува на родителите секое слободно време во денот да создадат уметност за своите најмили во која се испреплетени љубовта, разбирањето и поддршката.

– Им порачувам да се дружат и да уживаат во секој миг поминат со своите сонца; да комуницираат со нив и да им овозможат да развијат чувство на сигурност, доверба и разбирање со кое превентивно ќе влијаат врз предизвиците на светот во кој живееме. И најбитно да ги донесат дечињата во „Бибиверзум“ каде што на неконвенционален и забавен начин ќе стекнат знаења и вештини – додава Петреска.



912

X