На родителите им е потребна помош околу многу работи кога се во прашање децата. Веб-страницата „Пјур Вау“ спровела анкета за да дознае што точно им треба на родителите, а сè уште не е измислено.

1. Универзална големина на облека за деца

Како едно дете може да носи облека во три различни големини? На тоа лудило мора да му се стави крај. Сите модни марки што произведуваат облека би требало да обрнат внимание и да произведуваат облека со стандардни големини. Пред онлајн-купувањето, потребно е да се измери стапалото на детето, а таа големина мора да одговара на секој пар чевли што одредената модна марка ги продава на страницата. Така знае да се случи патиките со број 13 да одговараат, а чизмите со број 13 всушност да се два броја помали бидејќи калапот е помал, а за сандалите и да не зборуваме. Компаниите ќе заштедат бидејќи ќе имаат помал поврат на производите, а тоа воедно ќе го намали загрозувањето на животната средина.

2. Спреј за отстранување на лигавите остатоци од играчките

Ако вашето дете често игра со вакви играчки, или самото ги прави, тогаш сте запознаени со ноќната мора кога некоја од тие играчки ќе се залепи за каучот, килимот или, пак, на коса. Производителите на ваквите играчки тврдат дека остатоците може да се отстранат со мешавина од вода и оцет, но кога родителите би можеле да купат во продавница таков спреј за отстранување, тоа би им заштедело и време и нерви.

3. Правосмукалка за лего-коцки

Сите имаме измешани чувства кога се во прашање лего-коцките. Ја обожаваме креативноста што ја поттикнуваат, како и часовите игра во тишина. Постои и онаа лоша страна на овие коцки, а тоа е ужасната болка кога ќе стапнете на нив во текот на ноќта. Ако некој од вашата куќа постави коцки на подот за да ги види сите и да избира без проблем, вашиот спас се наоѓа во индустриска правосмукалка, со широк отвор кој е дизајниран исклучиво за собирање лего-коцки. Оваа правосмукалка би ги собирала коцките во еколошка вреќа која може да се користи повеќе пати. Ова сè уште не постои, за жал на нашите стапала.

4. Преведувач за Покемон

Ако вашето дете е опседнато со покемони, разговорите може да ви предизвикаат чувство дека разговарате со Пикачу. Да имавте некој речник или упатство како да разговарате во таков случај, би било одлично.

5. Тестер за инфекции и грип

Дали е инфекција или грип? Дали е некој друг вирус? Колку ќе трае, како може да се добие? Ова се клучните прашања што ги имаат родителите.

6. Придружник за миленичето

Без разлика на тоа колку сте организирани, секогаш се случува да не стигнете да завршите некои задачи, најчесто оние поврзани со вашиот миленик. Иако детето ви се колнело дека ќе го чува миленичето ако му дозволите да го има, се разбира дека на крајот тоа ќе стане ваша задача. Затоа е потребна агенција која ќе нуди професионални придружници за милениците. Тие ќе ги исчистат, избањаат и средат во моментите кога вие едноставно нема да можете да го направите тоа.

7. Правосмукалка за количка или за автоседиште

Знаеме дека правосмукалката е веќе измислена, но замислете малечка пренослива правосмукалка која прска течност по површината на количката, а потоа со посебен додаток ќе ги собере сите бактерии. Тоа би било многу корисно следниот пат кога вашето дете ќе истури полна вреќа со чипс или кашичка по своето седиште во автомобилот или количката.

Автор: Сузан Зукерман



912

X