Постојаниот напредок на современата технологија доведува до секојдневно создавање на нови работни места, па затоа идната генерација би можела да се чувствува сосема загубено и несигурна при избор на професијата. Сепак, доколку вистински ги подготвите вашите деца за тоа што ги очекува, иднината би можела да им биде посветла.
Ави Голдфарб, авторот на книгата „Предвидувачки машини: Едноставната економија на вештачката интелигенција“, вели дека постојат три вида професии во иднина. Во првата спаѓаат луѓе што создаваат роботи, во втората се луѓе што им даваат наредби, и во последните спаѓаат јавните личности како што се актери, спортисти, пејачи, писатели.
Медицинските сестри ќе имаат познавање за вештачката интелигенција
Во една статија од САД, објавена во 2017 година, се вели дека вештачката интелигенција ќе придонесе за создавање повеќе работни места. Во меѓувреме здравството и образованието ќе бидат во подем. Сепак, Голдфарб вели дека вештачката интелигенција е таа што ќе придонесе за поголем развој на нови работни места. Здравството и образованието ќе бараат дополнително познавање на вештачката интелигенција. На пример, во домот за стари лица ќе постојат роботи кои ќе бидат задолжени да им даваат лекови на пациентите или, пак, да ги шетаат во паркот. Медицинските сестри би можеле да комуницираат со овие машини за да дознаат повеќе за состојбата на нивните пациенти.
Компјутерските вештини се клуч за успех
Најповолни професии би биле оние во кои луѓето ќе имаат добро познавање на компјутерските вештини, да знаат како функционираат роботите, но исто така да ги разбираат и потребите на општеството. Според Голдфарб, оваа комбинација нуди најголеми можности.
Креативноста може да го промени светот
Голдфарб вели дека основното познавање на компјутерите ќе биде важно за децата, но исто така и уметноста, филозофијата, историјата, социологијата и психологија ќе бидат важен фактор за успешна иднина. Овие предмети би можеле да му понудат на детето широко познавање од секоја област. Исто така, креативноста игра голема улога во успехот на секое дете. Секој родител треба да го поттикнува детето да размислува креативно и да бара креативни решенија.
Во иднина нема да биде потребна специјализација
Денеска е многу важно да си добар во една област, но во иднина таквото размислување би можело да биде опасно. Родителите треба да ги охрабруваат децата да бидат пофлексибилни и наместо да имаат познавање во една област, да имаат повеќе познавања во секоја област со цел полесно да се приспособат и полесно да најдат работа.
912