Една мајка упати благодарност до непознатата личност што ѝ помогнала кога нејзиното бебе имало тантрум додека чекале во долга редица на аеродром.

Кејти Монтгомери Васур, нејзиниот партнер и нејзината едногодишна ќерка требало да се вратат дома, во Оклахома, по нивниот одмор. Тие веќе поминале еден лет, но морале да поминат на царина за да фатат уште еден лет за дома. Редицата каде што чекале била долга, а и по долгиот ден поминат во патување, Марли била немирна. Но, со помош на една жена Марли се смирила. Жената го држела бебето за родителите малку да се одморат. Кејти ова го објавила на својот фејсбук-профил заблагодарувајќи ѝ на жената за нејзината љубезност.

– Редицата беше голема. Во еден момент на Марли ѝ се смачи и полуде. Џејс и јас се обидувавме да ја смириме, ја нишавме, но таа врескаше. Тогаш поминавме покрај прекрасната млада Ашифа. Иако не ја познававме, таа почна да зборува со Марли. На изненадување на сите присутни, Марли престана да плаче и ги подаде рацете кон неа – напиша мајката.

– Ашифа, ти навистина си нешто посебно и искрено не знам што би правеле без тебе. Она што го направи е несебичен чин на добрина. Ти благодарам – ѝ се заблагодари Кејти на „Фејсбук“.



912

X