Постојат теми што се многу важни, но повеќето од нас се срамат да дискутираат на нив. Дури и ако нашето здравје и среќа зависат од нив.

Дали знаете што е важно што треба да го научите во текот на детството? Да знаете како правилно да се избришете откако ќе одите во тоалет по голема нужда. Токму поради тоа, една наставничка стана популарна на социјалните мрежи откако користела балони за да ги научи нејзините ученици како правилно да си ги бришат нивните задници.

Креативната и иновативна наставничка им покажа на учениците како да си го избришат задникот, па да ја свиткаат хартијата, па повторно да си го избришат задникот. Балоните беа совршен начин да се илустрира како да се направи целиот процес во практична смисла.

– Мислам дека е многу важно за родителите првично да ги научат своите деца дома, но за оваа навика потребно е подолго време за децата добро да ја совладаат. Не гледам никаква штета што наставничката им го демонстрирала начинот. Мислам дека децата одлично се приспособуваат на визуелните демонстрации и мислам дека ова дава порака дека можеме да разговараме отворено за нашите телесни функции и да не се срамиме од тоа – вели детскиот експерт за однесување и одвикнување од пелени, Аманда Џенер.

Таа посочува и што сака родителите да знаат кога децата се одвикнуваат од пелени.

– Прво, секој родител го споредува своето дете и токму тука почнуваат грешките, секое дете се развива со различна стапка. Исто така, за одвикнувањето од пелени е потребно време и трпеливост и подготвеноста на родителите е исто толку важна колку и на детето. Направете да биде забавно и доследно – вели таа.

Таа додава дека нашите ставови кон одењето во тоалет се промениле со текот на времето.

– Мислам дека пред многу години тоалетот не беше толку емотивна тема. Денес ни е тешко отворено да разговараме за  какви било проблеми поврзани со тоалетот, а кога станува збор за одвикнувањето од пелени на нашите деца, станува потешко бидејќи тие забележуваат сè, што пак го одложува времето за одвикнување и возраста се зголемува – вели таа.

 



912

X