Врската помеѓу секој татко и ќерка е уникатна. Добра или лоша, врската секогаш ќе биде присутна. Она што го привлекува вниманието на психолозите е какво влијание имаат врз воспитувањето на ќерките сите татковци – и присутни и отсутни. Родителството вклучува однесување, механизми и мисли кои несвесно се развиваат кај децата како што тие растат во возрасни лица. И конечно, татковците имаат влијание и врз комплексната одлука на ќерките во однос на изборот на партнер. На кој начин се случува тоа?

1. Родителите воспоставуваат начини на однесување

Во својата книга „Помеѓу татковците и ќерките: Зајакнување и повторно градење на врските“ психологот Линда Нилсен ја споделува вредноста на присутноста на еден татко во животот на детето. Нилсен се обидува да демонстрира како влијаат родителите врз одлуките на ќерките во однос на кариерата, личните вкусови и академските резултати. Особено обрнува внимание на тоа како присуството или отсуството на таткото може да влијае врз одлуките што ќе ги донесе ќерката во иднина во однос на нејзините романтични врски.

2. Присутен татко значи ќерка со поголема самодоверба

Нилсен објаснува дека таткото кој е присутен и има нежна и сигурна врска со својата ќерка влијае врз начинот на кој таа бара интимен и верен партнер. Една од најчестите карактеристики кај жените што имаат посветени родители е решителноста во носењето на таквите одлуки. А со сето тоа доаѓа и самодовербата. Во тој случај, не чувствува страв за изразување мислење или кога треба да одбие лоши кандидати. Едно девојче може да ја перципира љубовта од таткото уште од рана возраст, па кога ќе порасне, ќе сака да најде стабилна врска која ќе ѝ влева мир. Блискоста со таткото несвесно им помага на адолесцентите помалку да грешат кога одбираат партнер. Девојките се посамоуверени околу момчињата и нема да дозволат никој да ја искористи нивната младост. Не бараат повеќе партнери, напротив, бараат нешто стабилно.

3. Отсуството на таткото може да има негативен ефект

Од друга страна, отсуството на таткото може да има негативен ефект врз карактерот на девојчето. Оние што имаат слаба и нестабилна врска со своите татковци поверојатно е да изберат партнер со кој може да имаат чести конфронтации. Недостигот на сигурност и доверба може да ги доведе да се чувствуваат погодени заради нивните верувања. Затоа, често влегуваат во врски каде што се перципираат себеси како инфериорни.

4. Незадоволството прераснува во вообичаена состојба

Нилен опишува како татковците им влијаат на идните врски на нивните ќерки преку интересна и корисна метафора за да се разбере подобро поентата. Да се има силна и здрава врска со таткото е како да се оди во маркет со полн стомак. Ги избирате производите со повеќе трпение и одбирате поздрави опции. Од друга страна, нестабилната врска со таткото е како да се оди во супермаркет со празен стомак. Го купувате првото нешто што ќе го здогледате, без разлика дали е добро за вашиот организам или не.



912

X