Што е 8 Септември и зошто се празнува, ги прашавме најмалите, третоодделенчиња. Ви пренесуваме дел од нивните одговори.
– Зашто е ден кога Македонија се осамостоила.
Софија
– Ова е ден кога мене ми е роденден.
Бојан
– 8 Септември е ден кога Македонија станала сама своја држава.
Илија
– На овој ден Македонија станала независна, сама своја држава.
Тео
– 8 Септември е зима.
Матеј
– На овој ден на Македонија ѝ е роденден.
Филип
– Ова е ден кога Македонија се одделила од Југославија.
Бојана
– Овој ден се прави торта.
Јана
– Ден е на независноста.
Тео
– Ова е ден кога Македонија се одделила и сега мора пасош ако сака некој да ни дојде.
Каја
Фото: КолектифПрес
– На овој ден Македонија излегла од Југославија.
Калин
– Интересен ден.
Еми
– Тогаш не се оди на работа и на училиште.
Клаудија
Денес го празнуваме Денот на независноста. Празникот популарно е наречен 8 Септември и ги означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Денеска нашата земја одбележува 26 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Со убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Меѓународно правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181. полноправна членка на светската организација.
912