Министерот за образование и наука Арбeр Адеми денеска соопшти дека заедно со Министерството за здравство ќе нудат теренска вакцинација во училиштата каде што има потреба. До крајот на овој месец ќе се знае точно колку деца не се запишани во прво одделение.
Одговарајќи на новинарско прашање дали невакцинираните деца ќе бидат исклучени од образовниот систем, Адеми рече дека за ова имало заклучок на Влада и оваа тема во повеќе наврати била разгледувана на владина седница.
– Сме ги разгледале сите законски можности за надминување на оваа состојба и сега тоа што го нудиме заедно со Министерството за здравство, заедно со министерот Филипче, е теренска вакцинација. Досега сме задоволни од процентот на деца што се вакцинирани. Министерството за здравство води евиденција и секојдневно бројот се менува – рече Адеми.
Според него, во споредба со претходните години, процентот на вакцинација кај децата е значително зголемен.

Адеми информира дека овој месец училиштата го известуваат Државниот просветен инспекторат за деца што би требало да бидат запишани, а не се.

– До крајот на септември ќе имаме точен број колку деца не се запишани во прво одделение. Во меѓувреме ние ќе нудиме и теренска вакцинација. И во Законот за основно образование при упис во основно училиште треба да се достави потврда за примени задолжителни вакцини. И заради колективната имунизација, ние го разгледавме ова прашање во повеќе наврати на седница на Влада и презедовме таков чекор – рече Адеми.



912

X