Многу инспирација, енергија и најмногу љубов внесе тимот на „Светот на Биби“ во создавањето на катчето на детската хероина во скопскиот Градски трговски центар (први кат, до терасата на ресторан „Џино“). Беше отворено вчера, а за најверната публика на Биби ќе работи од 9 до 21 часот.
Во состав на катчето е и „Бибиверзумот“, во кој наскоро ќе се изведува посебна едукативна програма со која ќе се развиваат вредностите кај децата, когнитивниот и социо-емоционалниот развој, воспитанието и образованието за добар живот, а тие ќе ги откриваат сопствените потенцијали. Или, како што вели проф. д-р Кирил Барбареев, еден од креаторите на едукативната програма на „Светот на Биби“, во душата на младите треба да се всадат доблестите, особено: праведноста, мудроста, умереноста, храброста, трпението, самодисциплината, емпатичноста, истрајноста, чесноста, лојалноста.
Архитектите Филип Караѓозовски и Перо Лазаровски од КЛ Студио го изработија концептот на катчето на Биби. Погледнете како изгледа.
912