Министерството за образование и наука (МОН) собира податоци за бројот на вакцинирани првачиња запишани во прво одделение во основните училишта, како и за бројот на оние што не се вакцинирани, а веќе се пријавени во училиштата. Училиштата ги примија нивните документи, но не ги запишаа. Од МОН велат дека деновиве ќе одлучат какви мерки ќе преземат за невакцинираните.
– Согласно одлуката на Владата донесена во текот на месец мај, основните училишта ги примаат документите за упис на првачиња, но се запишуваат само тие со потврда дека ги примиле задолжителните вакцини. Прецизни податоци за бројот на поднесени документи и запишани ученици во училиштата ќе имаме во следните неколку дена, откако сите општини ќе достават детални извештаи по однос на ова прашање, по што ќе бидат познати и следните чекори, односно мерки што ќе ги преземеме во координација со останатите надлежни институции – велат од МОН.
Фото: Архива
Владата летово истакна дека децата што не ги примиле вакцините кои се предвидени со редовниот вакцинален календар во земјава – нема да бидат запишани во прво одделение поради актуелната епидемија на морбили.
912