Две сребрени и еден бронзен медал освоија младите математичари од Македонија на 23. Јуниорска балканска математичка олимпијада, која трае до утре, во Аргос на Кипар.
Фото: https://natprevarimatematika.weebly.com/galerija.html
Јасна Илиева и 11-годишниот Дамјан Давков, кој многумина го нарекуваат и Штипскиот Питагора, освоија сребро, а Никола Спировски освои бронзен медал. Тие беа предводени од менторите, лидерот Слаѓана Брсакоска, заменик-водачот Димитар Треневски и Никица Давкова, набљудувач.
Јана Илиева
– Стотици часови на училиште одработени со своите професори по математика, стотици часови со приватни професори, тренери, родители и пријатели, стотици непреспиени ноќи во решавање на натпреварувачките задачи до рано наутро, стотици научени теореми, техники и стратегии на решавање, сиот тој вложен труд го круниса успехот на нашата јуниорска математичка репрезентација, која на Кипар се закити со дури 2 сребрени и 1 бронзен медал – велат претставниците на нашиот тим.
Никола Спировски
912